Несторовски против Трајковски во Купот на Хрватска!

Денеска во Фудбалската федерација на Хрватска беа извлечени паровите за четвртфиналето од купот во оваа земја, ждрепката беше интересна за нас.

Дербито од четвртфиналето ќе биде меѓу Ријека и Хајдук, но за нас е поинтересен дуелот меѓу Славен Белупо и Локомотива Загреб.

Тоа ќе биде дуел на Илија Несторовски кој игра за Славен Белупо и Александар Трајковски кој неодамна попиша за Локомотив Загреб и веќе дебитираше за овој тим.

Куп на Хрватска четвртфинале:

Риека - Хајдук
Славен Белупо - Локомотива
Динамо Загреб - Куриловец
Вараждин - Горица

Овие натпревари ќе се играат на 3 и 4 март идната година.