Состанок во Реал за иднината на Алонсо, Шпанецот има уште - една шанса!
Проблемите во кралскиот клуб траат веќе некое време, се пишува дека Чаби Алонсо ги загубил конците во соблекувалната и има фудбалери кои сакаат негова смена.
Кога се чинеше дека работите полека се решаваат, дојде поразот од Селта и сега повторно се пишува дека во Реал Мадрид е вклучен алармот.
Според „Ел Мундо“, Реал Мадрид утринава имал итен состанок на кој се дискутирало за иднината на Чаби Алонсо.
Клубот одлучувал дали тој да остане или да биде отпуштен. Според шпанскиот медиум, работите ќе зависат од мечот во среда против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Тој дуел се гледа како последна шанса на Чаби Алонсо да си ја спаси работата.