Нè очекува спектакл во Абу Даби: Тројца возачи се борат за титула во Ф1 (ФОТО)

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион, Макс Ферстапен денеска од пол-позиција ќе тргне на последната трка во Абу Даби, каде што ќе се бори против Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен за титулата.

Водечката тројка ја очекува драматичен крај на сезоната бидејќи секој од нив може да стане шампион, доколку се исполнат одредени услови.

Норис влегува во последната трка со 12 бодови повеќе од Ферстапен и 16 поени повеќе од Пјастри, а од 14 часот ќе дознаеме кој ќе стигне до титулата.

Во продолжение следат комбинациите кои им се потребни на секој од возачите за да стигне до титулата во „најбрзиот циркус“.