Барселона го „гази“ Бетис: Феран Торес запиша хет-трик за 29 минути (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Барселона е на добар пат да освои три бодови во дербито со Бетис, откако по 45 минути игра има водство од 4-1.

Антони погоди за предност на Бетис од 1-0 во шестата минута, но потоа Феран Торес се разигра и запиша три погодоци од 11. до 40. минута, додека во листата на стрелци влезе и Руни Барџи.

Фото: Barcelona/Facebook