Суарез пред заминување од Интер Мајами: На повидок големо враќање?

Луис Суарез наскоро останува без договор, а засега нема најави дека Интер Мајами ќе му понуди нова соработка.

Според последните информации, Уругваецот би можел да се врати во Национал. Национал е клубот каде што ја започна кариерата и се врати во 2022 година откако му истече договорот со Атлетко Мадрид.

Тогаш не се задржа долго бидејќи се пресели во Гремио од каде што дојде и во Интер Мајами.

Денес има 38 години и од 1 јануари ќе биде без договор и најавите се дека има желба и третпат да го облече дресот на Национал со кој би заиграл и во Копа Либертадорес.

Дека и понатаму има квалитет доказ се бројките во Интер Мајами од оваа година во која постигна 14 голови и подели 15 асистенции на 42 натпревари.