Смешно и бедно: Претседателот на ФИФА измисли нова награда за да му се умилкува на Трамп

Прилично бедно изгледа почетокот на денешната церемонија на ждрепката за Светското првенство во 2026 година бидејќи во центарот на вниманието е претседателот на САД, Доналд Трамп.

Такво нешто не се случило никогаш, а уште побизарно е тоа што САД не се единствени домаќини на претстојниот Мундијал, туку во таква улога се уште Мексико и Канада. Не е тајна дека во последно време претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е премногу близок со Трамп и не пропушта прилика тоа јавно да го покаже, но сега отиде дотаму што измисли нова награда за да му умилкува.

За таа цел, тој и неговите соработници измислија ново признание, награда за мир што воопшто не треба да биде работа на ФИФА, а се со цел да му удоволи на Трамп чија најголема желба беше да добие Нобелова награда за мир. Се разбира, прв добитник на признанието е американскиот претседател.

Во својот говор, Трамп се пофали дека запрел многу војни и рече дека ова мму е едно од најголемите признанија во животот.