Венгер го откри својот фаворит за титулата на СП 2026
Поранешниот стратег и актуелен шеф за глобален развој на фудбалот кажа дека негов главен фаворит за освојување на титулата е Франција.
Французите на последниот Мундијал во Катар стигнаа до финалето, но беа поразени од Аргентина на пенали.
„Се обидувам да бидам објективен, но Франција е супер-фаворит, и тоа само од една причина. Имаат повеќе напаѓачи од светска класа отколку било која друга репрезентација. Тие имаат квалитет кој ќе направи разлика“, кажа Венгер.
Фото: FIFA