Револуција во фудбалот: Колина бара да се воведе ВАР и за корнери!

Првиот човек на судиската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Пјерлуиџи Колина даде поддршка да се користи ВАР-технологијата и при проверка на корнери.

Колина смета дека ова би можело да се користи за време на Светското првенство (СП), кое ќе се одржи следната година.

„Би било штета ако резултатот од натпреварите не зависи од тоа што играчите го прават на теренот, туку за грешна одлука која ја носи судијата. Мислам дека треба на сите да ни биде цел да носиме точни одлуки. Може да ги проверуваме и корнерите. Додека дефанзивците одат во напад, тоа одзема 10-15 секунди. Во тој период може да провериме дали корнерот е исправно досуден“, кажа Колина.