Тухел планира револуција во фудбалот: Без играчи на клупата за време на Мундијалот
Со оглед на тоа што се очекува температурите да надминат 40°C на некои локации, Тухел е подготвен да ги чува резервните играчи во климатизирани соблекувални, место на клупата покрај теренот. Пред извлекувањето на групите за Светското првенство во Вашингтон што ќе се одржи денеска, германскиот менаџер откри дека размислува играчите кои не играат да го гледаат натпреварот на телевизија за да останат свежи за натпреварот.
„Ако ни помогне подоцна во натпреварот, кога ќе влезат во игра, мислиме дека е можност што можеме да ја искористиме. Никој не го сака тоа бидејќи сакам играчите да бидат тука и да ја почувствуваат енергијата, но знам каква е користа. Се надевам дека можеме да го избегнеме тоа. Секогаш е подобро ако можат да бидат со нас“, објасни Тухел.
Прашање е дали овој негов план е практичен затоа што играчите би се соочиле со температурна разлика од околу 20 степени Целзиусови и нејасно е како ќе реагираат на тоа.