Димитриевски одбрани пенал: Валенсија победи со гол во 121. минута! (ВИДЕО)

Валенсија триумфира со 2-1 против нисколигашот Картагена во Купот на Шпанија, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше еден од хероите на „лилјаците“.

Ортуно во 21. минута го матира Димитриевски за водство од 1-0, а предноста на Картагена се задржа сè до 80. минута кога Белтран погоди за 1-1 и избориј продолженија.

Вистинска драма се случуваше во завршницата на продолженијата, кога Картагена доби пенал, но потоа блесна Димитриевски кој го одбрани ударот од белата точка во 119. минута, а набрзо Васкез стрелаше за целосен пресврт (2-1).

Фото: FC Valencia/Facebook