Лацио му се одмазди на Милан и го елиминира од Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио се изборија за четвртфинале во Купот на Италија, откако вечерва беа подобри од Милан со 1-0.

Лацио ја контролираше играта во првите 45 минути, но не успеа да го матира голманот Мањан, по што Милан се разигра на стартот на вториот дел.

„Росонерите“ се заканија неколку пати кон голот на домаќинот, но не беа прецизни, па казната стигна преку Закањи во 80. минута.

Екипата од Рим се пласира во четвртфинале на Купот, каде што ќе се соочи против Болоња.

Фото: EPA