Ново разочарување за Јунајтед: Вест хем освои голем бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи, откако ремизира против Вест хем на „Олд Трафорд“ во 14. коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ беа подобар тим во првото полувреме, но мрежите мируваа сè до 58. минута кога Далот погоди за предност на Јунајтед од 1-0.

Избраниците на Рубен Аморим го чуваа водството сè до 83. минута кога Магаса стрелаше за конечни 1-1 на „Олд Трафорд“.

Фото: EPA