Партизан во пеколна атмосфера го урна Баерн во првиот меч по заминувањето на Обрадовиќ

Српскиот кошаркарски гигант Партизан славеше со 92-85 против Баерн во 14. коло од Евролигата, односно во нивниот прв натпревар по заминувањето на трофејниот стратег Жељко Обрадовиќ.

„Црно-белите“ добија жестоки свирежи од публиката во белградската арена пред почетокот на натпреварот, а воедно мечот почна лошо за Партизан бидејќи Баерн имаше водство од 22-16 по првите 10 минути.

Партизан заигра за нијанса подобро во продолжение, меѓутоа Баерн успеа дополнително да го зголеми своето водство и да замине на паузата со 43-36.

Екипата од Белград се разбуди во третата четвртина (28-15), кога успеа да направи целосен пресврт и да влезе во завршницата од дуелот без посериозни проблеми за на крајот да слави со 92-85.

Најефикасен во победничкиот тим беше Вашингтон со 22 поени, шест асистенции и еден скок, додека Динвиди постигна 25 поени, два скока и две асистенции за Баерн.

Останати резултати:

Жалгирис – Макаби Тел Авив 65-83
Монако – Париз 125-104
Хапоел Тел Авив – Асвел 87-80