Јакимовски блесна во победата на Тренто - еден скок го делеше од дабл-дабл!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски му помогна на Тренто да оствари важен триумф против Улм (100-87) во деветтото коло од Еврокупот на ФИБА.

Јакимовски беше еден од најважните кошаркари на италијанскиот тим, па го заврши натпреварот со 13 поени, девет скокови и една асистенција за 25 минути поминати на паркетот.

Тренто со денешната победа скокна до шестата позиција и има осум бодови во групата Б.