„Гробари“ жестоко ги исвиркаа кошаркарите и му скандираа на Обрадовиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан беа пречекани со свирежи од страна на навивачите пред мечот против Баерн во Евролигата.

„Гробари“ не се среќни поради ситуацијата во гигантот од Белград по заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ, па јасно го покажаа својот револт.

Навивачите ги исвиркаа кошаркарите на „црно-белите“ при влез на паркетот, а притоа фрлаа и предмети, по што почнаа да скандираат „Обрадовиќ Жељко“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)