Драма на СП: Србинките кикснаа - само реми против Фарски Острови!
По победата над Шпанија во минатото коло, Србинките беа уверени дека денеска ќе триумфираат и против Фарски Острови, но тоа не се случи.
Србија водеше во поголемиот дел од мечот, но не успеа да се одлепи, па натпреварот отиде во неизвесна завршница во која двете селекции се менуваа со водството.
Србија со гол на Јована Шкробиќ на 48 секунди до крајот дојде до водство 31-30, но Фарските Острови го промашија својот напад, голманката Рисовиќ одбрани. Но следуваше катастрофална грешка на Србинките, Јована Јовиќ наместо да тргне сама кон противничкиот гол, таа застана, ја загуби топката, а потоа направи и седум метри и им дозволи на противничките ракометарки да израмнат. Останаа уште седум секунди, во кои Србија не можеше да ја поправи грешката.
Во последното коло Србија игра против Црна Гора и голема е веројатноста тоа да биде директен дуел за четвртфинале.
Фото: ЕПА