Русинка го промени државјанството и стана најдобра тенисерка на Австрија!

По само неколку дена откако Камила Рахимова одлучи да го напушти руското знаме, тенискиот свет го шокираше уште една таква промена на државјанство, сега станува збор за 51. тенисерка во светот, Анастасија Потапова.

Таа и официјално од 2026 година ќе настапува за Австрија. 

Потапова веќе некое време живее во Виена, град со кој разви длабока врска и за кој сега вели дека е нејзин дом.

Иако минатиот викенд настапуваше на егзибициски турнир во Сенкт Петербург, нејзината одлука да ја претставува Австрија е донесена многу порано, а целиот процес сега е само официјално финализиран. Таа тоа го потврди преку социјалните мрежи.

Потапова е една од најталентираните тенисерки на својата генерација и поранешна број 1 во јуниорска конкуренција, во 2016 го освои јуниорскиот Вимблдон.

Во Австрија немаат подобро рангирана тенисерка од Потапова, па таа автоматски станува и најдобрата во оваа земја.

Таа исто така се смета и за една од најубавите тенисерки.