ВАР повторно тема во Англија: На идиотите за ова им требаа пет минути да видат дека е офсајд! (ВИДЕО)

Често пати ВАР системот е тема на Островот, па така беше и по вчерашниот натпревар помеѓу Вулверхемптон и Нотингем форест.

Гостинскиот тим во 38-та минута преку Игор Жесус ја погодија мрежата на домаќините, но тој гол беше поништен по прегледувањето на ВАР. На снимката јасно може да се види дека Ден Ндоје беше во офсајд и го блокираше видното поле на голманот Сем Џонстеон и голот оправдано беше поништен.

Сепак, критиките беа упатени зтоа што на судиите во ВАР собата им требаше цели пет минути за да потврдат нешто што е очигледно.

„Пет минути на идиотите им беше потребно да дојдат до заклучок дека ова е офсајд? Навистина лудо. За среќа голот беше поништен, но навистина, пет минути“...гласеше еден од коментарите на социјалните мрежи.

И тој не беше единствен најголем дел од фановите кои ја коментираа ситуација имаа критики поради истата причина.