Снајдер има четири фаворити за Мундијалот: Ќе биде лудо!
Според Холанѓанецот најголеми шанси да стигнат до трофејот наредното лето имаат: Португалија, Шпанија, Франција и Бразил.
„Ако морам да изберам четири репрезентции кои за мене се фаворити најдалеку да стигнат тоа би биле: Португалија, Шпанија, Франција и Бразил. Конкуренција е сега посилна. Сите се многу блиску, ќе биде лудо. Англија исто така има силен тим, како и Холандија. Можеби и Германија ќе се врати на својот пат, кој знае, ќе видиме“, истакна Снајдер.
Во својата кариера, Снајдер играше за: Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гарафа, а освои вкупно 19 клупски трофеи..
Снајдер играше како класична „десетка“, меѓутоа според него таа позиција во фудбалот денеска речиси и да не постои.
„Улогата на број десет е минато. Јас бев вистинска „10-ка“, како во старите времиња. Тоа сега е минато. Она што сега е важно за фудбалерите од средниот ред е да бидат одлично физички подготвени. Јас бев играч за врска, мојата работа беше да помагам на напаѓачите, а не да го покривам целиот терен, таа улога „офанзивен играч за врска“, денеска ја нема во ниту еден тим во Европа“, смета Снајдер.
Фото: EPA