Нов малер за Барселона: Заврши годината за Олмо, а можна е и долга пауза

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо на последните два меча на Барселона потсети на своите најдобри денови, постигнувајќи вкупно шест гола, благодарение на кои неговиот тим освои максимални шест бода.

Сепак, пред плејмејкерот е нова пауза бидејќи по погодокот што го постигна против Атлетико синоќа, тој лошо падна и го измести рамото. Деталните прегледи ќе бидат извршени денеска, а пред да се случи тоа, извори во клубот за шпанските медиуми изјавиле дека ситуацијата не е добра.

Олмо сигурно ќе биде во аут до јануари, но постои голема опасност, паузата да биде многу подолга. Ако е потребна операција, таа ќе изнесува околу четири месеци што сигурно ќе биде голем хендикеп за Барселона. Во ситуација кога Гави нема да заигра барем до февруари, повреден е Фермин Лопез, а и Педри синоќа се пожали, евентуалното долго отсуство на Олмо ќе биде голем проблем да се надополни.

фото: FC Barcelona