Jaмал уште нема возачка: Мојот прв автомобил нема да биде Ламборгини

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, иако е полнолетен и понатаму нема положено возачки испит.

Минаатото лето Јамал беше единствениот фудбалер на Барселона кој не добил автомобил од спонзорот на каталонскиот гигант, а зборуваше и за тоа каков може да биде неговиот прв автмобил.

„Мојот прв автомобил нема да биде Ламборгини. Би бил задоволен и со Ауди, Мерцедес или Купра“, изјави Јамал.

До неодамна Јамал на тренинзите н Барселона го носеше неговата поранешна девојка, Ники Никол, но таа врска неодамна се заврши.

„Автомобилот кој ќе го купам треба да им се допадне и на моите пријатели и во него сите ќе уживаме“, додаде Јамал.

Засега Јамал ќе мора прво да почека да го положи возачкиот испит.