Уште еден Американец си замина од Работнички
Тимот од Градски парк го напушти Џејкоб Хатсон кој сезонава е најдобар играч не само во тимот на Работнички, туку и воопшто во лигата. Тој ќе ја продолжи кариерата во турскиот Орманспор кој се натпреварува во втората лига и во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата.. На шесте натпревари кои ги одигра, американскиот центар бележеше просечен индекс од 31,7, највисок од сите кои се натпреваруваат во македонското кошаркарско првенство.
На центарската позиција позиција е и Роберт Рикиќ кој дојде неодамна и се уште е во процес на адаптација.
По осум кола, Работнички има биланс 4/4 и се наоѓа на шестата позиција на табелата во Суперлигата.