Aртета има нова желба, Арсенал сака да „украде“ фудбалер на Манчестер јунајтед
Новинарот на „ЕСПН“, Марк Огден пишува дека младиот фудбалер станал сериозна мета на лондонскиот клуб кој во него гледа одлична замена за капитенот Мартин Одегард.
Норвежанецот оваа сезона има проблеми со повредите во Премиер лигата и беше стартер на само четири натпревари во Премиер лигата уште еден во Лигата на шампионите.
Поради тоа Артета сака да има уште еден фудбалер во средниот ред на кого може максимално да му верува, а Мејно се вклопува во профилот на фудбалер кој би можел да преземе дел од одговорноста во организацијата на играта.
Мејно нема преголема минутажа во Јунајтед бидејќи одигра само 171 минута сезонава, свесен е дек Бруно Фернандеш е пред него, па поради тоа и во минатото лето се поврзуваше со заминување од „Олд Трафорд“.