Неуништивиот Варди и на 39 години блеска во Серија А (ВИДЕО)

Кремонезе ја прекина серијата од три порази откако вечерва приреди изненадување и ја победи Болоња како гостин со 3-1.

Прва ѕвезда на вечерта беше поранешниот англиски репрезентативец Џејми Варди кој идниот месец ќе наполни 39 години, но се уште се наоѓа во фантастична голгетерска форма. Искусниот напаѓач постигна два од трите гола за Кремонезе, прво за 2-0, а потоа за конечните 3-1 со кои неговиот тим остана на 11. место на табелата.

Болоња со овој пораз пропушти шанса да се искачи на третото место на табелата и падна дури на шестата позиција иако разликата со лидерот Милан е само пет бода.