Промашување на сезоната во Серија А: Како успеа од два метра да утне цел гол... (ВИДЕО)

Кремонезе вечерва како гостин ја победи Болоња со 3-1, а триумфот можеше да биде поубедлив, ако Филип Терачано беше посконцентриран пред противничкиот гол.

Во 79. минута, по една мешаница во шеснаесетникот на домашниот тим, Терачано се најде сам пред празниот гол, но место да ја спроведе топката во мрежата, ја испрати високо над пречката.