Меси против својот најголем кошмар по првата шампионска титула во МЛС
В сабота на домашен терен, тимот од Флорида ќе се обиде да го запише своето име меѓу шампионите во американското фудбалско првенство, а против себе ќе има еккипа од Канада - Ванкувер. На хартија, Интер Мајами треба да е фаворит на овој меч, меѓу другото и затоа што игра пред своите навивачи, но Лионел Меси против себе ќе го има најголемиот кошмар во кариерата.

Станува збор за германскиот интернационалец Томас Милер кој со Баерн и националниот тим му приреди некои од најтешките порази на Меси во животот. Милер беше во тимот кога Барселона загуби со вкупни 0-7 и 2-8 во Лигата на шампионите, а го спречи и во 2014 година да ја освои титулата на Светското првенство во Бразил.
Милер секогаш беше посебно инспириран кога игра против Барселона, можеби токму поради Меси кој беше на спротивната страна. Германецот се пресели во Ванкувер во текот на летото, одигра 11 натпревари и на нив постигна 11 гола и осум асистенции и секако ќе биде еден од најважните играчи на канадскиот тим и покрај тоа што веќе има 36 години. Втората опасност за Интер Мајами ќе биде Брајан Вајт кој е најдобар стрелец со 18 гола.
фото: EPA photo