Модриќ се присети на најтешкиот пораз во кариерата: По тој меч со месеци не можев да функционирам

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ се потсети на најтешкиот пораз во неговата професионална кариера, а интересна е тоа што тој се случи во почетната фаза, пред 17 години.

Станува збор за четвртфиналниот натпревар од Европското првенство во 2008 година помеѓу Хрватска и Турција. „Коцкестите“ беа блиску до полуфиналето, водејќи со 1-0 со голот на Иван Класниќ, а потоа дојде шокот од кој не се опоравија со години. Турција постигна гол преку Семих Шентурк во 122. минута и го одведе натпреварот на пенали во кои беа подобри и се пласираа во полуфиналето. Модриќ го одигра целиот натпревар, дури и го изведе првиот пенал во серијата, но не беше прецизен.

„Тоа едноставно не може да се заборави. Можеби најтешкиот момент во мојата кариера. Беше навистина, навистина тешко да се процесира, зошто се случи, како и што можевме да направиме подобро. Во следните неколку месеци не можев нормално да функционирам. Дури и кога отидов во Англија, на почетокот сè уште размислував за тоа. Не беше лесно“, заклучи Модриќ.

Точно една деценија подоцна, тој како капитен ја предводеше Хрватска до најголемиот успех во историјата, финалето на Светското првенство во Русија.

фото: EPA photo