Јапонките ја декласираа Хрватска и се пласираа во главната фаза на СП

Јапонската женска ракометна репрезентација триумфира против Хрватска со 25-19 и се пласира во главната фаза на Светското првенство (СП).

Првото полувреме помина израмнето (10-10), по што Хрватките влегоа во криза во вториот дел, а тоа го искористија Јапонките за да стигнат до 25-19.

Натсуки Аизава го заврши натпреварот со осум голови, додека Шимара и Баришиќ постигнаа по три погодоци за Хрватска.

Фото: @Yuihito Taguchi/JHA