Партизан го избрка Зоран Савиќ – најголемиот виновник за хаосот и лошите резултати!

Екипата на Партизан и досегашниот спортски директор Зоран Савиќ се разделија по взаемен договор, соопшти денеска раководството на клубот, со што поранешниот српски репрезентативец ја завршува својата четиригодишна епизода на оваа функција.

Ова е само официјална верзија, која има и неофицијална, а тоа е дека Савиќ буквално бил избркан, прво од седницата на Управниот одбор, а потоа и од клубот, бидејќи е означен како најголем виновник за лошите резултати и хаосот во црно-белиот табор. Сето ова резултира со оставка на Жељко Обрадовиќ, а на Савиќ му се забележува лошата селекција на засилувањата, како и огромната плата која изнесува над 500.000 евра по сезона.

Некогашниот центар пристигна во клубот во пролетта 2021 година и во тој период активно учествуваше во креирањето на првиот тим и во донесувањето на сите спортски одлуки. Под негово раководство, „црно-белите“ успеаја да се вратат во елитата, обезбедувајќи настап во Евролигата, а во регионалните натпреварувања забележаа значајни успеси.