Перез подготвува понуда за шокантен трансфер во јануари - нема да штеди!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го донесе фудбалерот кој пред само некој ден беше хит во светскиот фудбал.

Се работи за 18-годишниот играч на Челси, Естевао кој цела сезона игра одлично, но со голот против Барселона дополнително го навлече вниманието на себе.

Естевао како мал навивал за Реал Мадрид, има изјавено дека не пропуштал меч на кралскиот клуб, а Перез сака да го искористи токму тоа.

Но, проблемот е што Бразилецот има договор со Челси дури до 2033 година, па сините нема лесно да се откажат.

Наводно тие го сакаат Винисиус Жуниор, па можна е размена на овие двајца фудбалери.

Со таквата размена Реал Мадрид би добил мир во соблекувалната, едно его помалку, а ќе го има Естевао за кој се прогнозира дека ќе биде еден од најголемите фудбалери.