Луда сцена: Иско поради соиграчот Амрабат доби седум конци - двајцата се повредија! (ВИДЕО)

Бетис со 2-1 славеше над Утрехт во меч од Лига Европа, но тимот од Севиља ги загуби Амрабат и Иско поради бизарен инцидент каков што ретко се гледа.

Иско долго време беше повреден, во минатото коло од шпанската Ла Лига се врати на теренот, е вчера првпат беше стартер на еден натпревар, но на теренот остана само десет минути.

Причината е неговиот соиграч, Амрабат. Мароканецот несмасно со сета сила го удри Иско во ногата и го повреди. По што Шпанецот веднаш беше изваден од игра.

Пет минути подоцна излезе и Амрабат кој се обиде да продолжи да игра, но не можеше, па побара замена.

Во наредното коло од Ла Лига се игра големото градско дерби меѓу Бетис и Севиља, а тренерот Пелегрини потврди дека и двајцата ќе ги нема за овој дуел.

„За жал Иско нема да може да ни помогне во недела против Севилја. Доби седум конци на ногата и потребно му е време за да се опорави. За жал надвор од комбинација ќе биде и Амрабат“, рече Пелегрини по натпреварот.

Видеото од целата ситуација може да го погледнете на овој ЛИНК.