Јунајтед ќе прави голема чистка - 11 фудбалери одат на продажба!
Од клубот треба да заминат оние кои во моментов се на позајмица, но и добар дел од тие што играат сега. Оваа информација ја пласираа „Сан“ и „ЕСПН“.
Фудбалерите кои ќе бидат ставени на списокот за продажба се: Бруно Фернандеш, Коби Маино, Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Мегваер, Алтај Бајандир, Џошуа Зиркзе и Тајрел Маласија.
Ќе бидат донесени нови засилувања, целта е да се направи нов тим и да се почне ново поглавје.