Валверде излезе со соопштение за моменталната ситуација во Реал Мадрид!
Во изминатите денови во шпанските медиуми постојано се пишуваше за ситуацијата во Реал Мадрид. Како дел од фудбалерите се бунтуваат против Алонсо и бараат смена на тренерот.
Но, Валверде вели дека во овој момент сите во Реал Мадрид се побединети од било кога.
„По недела откако многу работи беа кажани за нас, ние сега сме пообединети од било кога.
Да ги имате Вини и Мбапе во тимот е среќа, но да играте за најдобриот тим во светот и со посветена група е голема чест.
На лично ниво, работам на мое враќање на најдоброто ниво. Тренерот отсекогаш бил на моја страна, подржувајќи ме и правејќи се што може за да ми помогне да се развивам и да му помагам на тимот.
Не е секогаш лесно, но стручниот штаб и фудбалерите се пообединети од било кога“, напиша Валверде.