Мбапе го торпедира Олимпијакос - втор најбрз хет-трик во историјата на ЛШ (ВИДЕО)
За својот втор хет-трик сезонава во Лигата на шампионите, на Французинот му требаа шест минути и 42 секунди, во периодот од 22. до 29. минута. Тоа е втор најбрз хет-трик во историјата на елитното натпреварување бидејќи фудбалерот на Реал задоцни само 29 секунди зад Мохамед Салах кој го постави рекордот во 2022 година против Ренџерс.
Воедно, Мбапе постави нов рекорд по постигнати хет-трикови на гостински терен во Лигата на шампионите. Тој сега има четири, а зад него остана Филип Инзаги со три.