Ужасни бројки: Челси го најде лекот за Јамал, тинејџерот се изгуби на теренот!
Тинејџерот на Барселона беше целосно изгубен на теренот и речиси ништо да не направи за 80 минути колку што беше на теренот кога на негово место влезе Дани Олмо.
Имено, Јамал во тие 80 минути упатил само еден удар кон противничкиот гол, креирал две шанси, имал само 26 точни пасови, два дриблинзи и немал ниту еден добиен воздушен дуел.
Очигледно во Челси добро знаеа како да ја запрат младата ѕвезда која е кошмар за многу одбрани во Европа.
Фото: EPA