Фановите згрозени од Сане: Вакво однесување пред деца е неприфатливо! (ФОТО)

Германскиот репрезентативец, Лерој Сане се најде во центарот на вниманието поради непримерниот потег пред натпреварот на неговата Галатасарај против Ројал унион во ЛИгата на шампионите.

Турскиот гигант претрпе изненадувачки пораз на свој терен, а по дуелот најмногу се коментира потегот на Сане.

Имено, додека беше во кадарот, веднаш зад децата за време на интонирањето на химната на Лигата на шампионите, Германецот се допираше за меѓуножјето.

„Што прави Сане пред децата? Ова е целосно неприфатливо“, „УЕФА мора да реагира на вакво однесување“ „Знае ли воопшто каде е и што претставува“... се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Сане летово присигна во Баерн од Галатасарај со големи очекувања, но во домашното првенство досега има 13 настапи во кои постигна три гола и подели една асистенција.