Осогово победи среде Штип, Новаци со еврогол ја смрзна Шкендија! (ВИДЕО)
Брегалница може да жали за пропуштеното, но фудбалерите на Осогово одиграа храбар натпревар и заслужено ги освоија трите бода. Единствениот погодок во Штип беше постигнат во првото полувреме кое беше израмнето. Брегалница пропушти повеќе шанси, имаше два пенали кои не ги искористи, а ја погодија и стативата од голот на Осогово.
Исто како Брегалница помина и Шкендија Арачиново која со 0-1 загуби на гостувањето кај Новаци. Но благодарение на киксот на штипскиот тим се задржа на врвот. Победничкиот гол на Новаци беше фантастичен. За Шкендија ова е втор пораз по ред откако претходно го загуби дербито против Брегалница.
Најубедлив денеска беше Скопје кој со 4-0 славеше над Големо Кањари, Беласица со 2-0 победи на гостувањето кај Каменица Саса. Охрид со 1-0 беше подобар од Детонит Плачковица, Слога Виница со 2-1 победи кај Преспа, немаше голови на мечот меѓу Вардар Неготино и Победа.
РЕЗУЛТАТИ:
Осогово - Брегалница 0-1
Новаци - Шкендија (А) 1-0
Скопје - Големо Коњари 4-0
Каменица Саса - Беласица 0-2
Охрид - Детонит 1-0
Преспа - Слога Виница 1-2
Вардар Неготино - Победа 0-0