Бунт на фудбалери против Алонсо - Реал ќе го менува тренерот!?
Според новинарот, има големо незадоволство од начинот на работа на Чаби Алонсо и ситуацијата почнува да станува неиздржлива.
Неколку фудбалери, Хорхе Пикон потенцира дека тоа се повеќе играчи отколку што се мисли во јавноста, сакаат тренерска промена.
Ситуацијата е дојдена дотаму што значајни луѓе од раководните структури во Реал Мадрид сметаат дека промена на тренерот е неопходно решение.
Чаби Алонсо со фантастичен успех го водеше Реал Мадрид, но таму во соблекувалната го нема егото кое го имаат играчи кои настапуваат во кралскиот клуб. Вистински предизвик за денешните тренери е да се справат со фудбалските ѕвезди, очигледно такви проблеми има Шпанецот.