Голман направи глупост, па се извади со чудесна одбрана! (ВИДЕО)

Покрај фантастичниот настап на Лионел Меси од четвртфиналето во американската МЛС лига внимание привлече и една одбрана на голманот на Филаделфијаа, Ендрју Блејк.

Станува збор за ситуација во 55. минута од натпреварот помеѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити. При водство на Њујорк од 1-0 35-годишниот голман од Јамајка истрча далеку од својот гол, а потоа на чудесен начин успеа да спе спречи нов гол во својата мрежа.

Иако веројатно сите на стадионот ја видоа топката веќе во мрежата, Блејк се фрли како мачка и успеа да спречи водство о 2-0 на Њујорк.

Сепак, до крајот неговиот тим доживеа елиминација, а Њујорк во полуфиналето ќе оди на дуел со Лионел Меси и Интер Мајами.