Барселона доби лоши вести пред гостувањето кај Челси

Шпанскиот шампион Барселона утре гостува кај светскиот клупски првак Челси во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Ханси Флик доби лоши вести пред мечот.

Барселона утре нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери, а тоа е шпанскиот репрезентативец Педри.

Педри оваа сезона настапи на 13 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна два гола и две асистенции пред да се повреди.