Познат следниот чекор на Федерер - ќе тргне по стапките на Агаси и Хјуит!

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер е во пензија веќе неколку години, а многумина ги интересира кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата.

Федерер го гледаат како тренер на некој млад тенисер, но Швајцарецот засега не се решил на таков потег, а притоа ја објасни неговата одлука.

„Не сакам да бидам тренер во моментов. Сакам да се фокусирам на моите деца. Тоа е интересно и важно време. Тоа што сум подготвен во моментов да го правам е да бидам ментор. Ако има некој прашање, ќе бидам задоволен да дадам одговор“, кажа Федерер.

Ваква улога во минатото имаа Лејтон Хјуит со Алекс Де Минор и Андре Агаси со Себастијан Кодра.