Потрес во Италија: Леклер пред одлука да замине, веќе започнал преговори!
Леклер наводно би можел да се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Астон Мартин по шест години години поминати во Ферари. Според информациите на Ф1 експертот на Лео Турини неговиот менаџер веќе имал разговори со британскиот тим.
Сонародникот на Турини, Џорџо Теруци додаде дека Леклер е многу блиску до одлуката да ја промени средината.
„Леклер ќе почека да види како ќе поминат, првите три или четири трки во 2026 година. Ако резултатите повторно бидат разочарувачки, ќе стане возач на Астон Мартин во 2027 година“, истакнува новинарот на „Кориере дела Сара“.
28-годишникот од Монте Карло вчера учествуваше на 171 трка во кариерата во која има 50 подиуми, 27 пол-позиции и 10 најрбзи кругови. Во овој момент Леклер се наоѓа на на петтата позиција во шампионатот зад Ландо Норис,Оскар Пјастри, Макс Верстапен и Џорџ Расел.