Ливерпул подготвува нова „бомба“ вредна 159 милиони евра
Тренерот на Ливерпул ќе се обиде да си ја спаси работата, па за тоа ќе бара ново засилување кое треба да му помогне во остварување на целите, а станува збор за Жоао Невеш од ПСЖ.
Ливерпул наводно е подготвен да плати 159 милиони евра за услугите на ѕвездата на парижаните, а клубот од Париз очигледно е подготвен да го продаде Невеш.
Невеш оваа сезона настапи на 16 натпревари, а притоа постигна осум голови и една асистенција.
Фото: PSG