Гвардиола нападна камерман, па реши да се извини: Срам ми е! (ФОТО)

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред неколку дена нападна камерман по поразот од Њукасл, но денеска реши да се извини поради неговиот срамен потег.

На Гвардиола тешко му падна поразот од 1-2 на „Сент Џејмс Парк“, па ги загуби нервите по последниот судиски свиреж, а притоа не беше поштеден ниту камерман, но затоа искусниот стратег сега се извини и кажа дека не требало да реагира на таков начин.

„Се чувствувам непријатно и срам ми е. Не ми се допаѓа. Му се извинувам на камерманот. Јас сум таков каков што сум. Дури и по 1.000 натпревари не сум совршена личност и грешам затоа што го бранам својот клуб“, кажа Гвардиола.