Моменти на лудило: Гвардиола се расправаше со камерман по поразот од Њукасл

Незадоволниот Пеп Гвардиола имаше распрација со Бруно Гимараеш, со судиите на натпреварот, па дури и со камерман по поразот на Манчестер Сити од Њукасл во саботата навечер.

Трофејниот менаџер на Сити збесна откако неговиот тим загуби, како последица на двата гола во второто полувреме на Харви Барнс. Натпреварот беше полн со контроверзи, а Шпанецот беше бесен што не му беше досуден пенал на Сити во првото полувреме кога Фил Фоден беше удрен од Фабијан Шар.

Исто така, имаше дилеми околу тоа дали Џанлуиџи Донарума бил фаулиран пред вториот гол на Барнс, како и дали Гимараеш евентуално бил во офсајд. По прегледите во ВАР, голот остана и се покажа како одлучувачки удар во големата драма на североистокот на Англија.

Но, Гвардиола изгледаше бесен по натпреварот и влезе во вербален дуел со Гимараеш пред да разговара со судијата Сем Барот и неговите помошници. Потоа 54-годишникот беше фотографиран како се расправа со камерманот.

По овој пораз, Сити падна на третото место во лигата, зад Челзи, кој победи со 2-0 на гостински терен против Барнли во првиот меч од ова коло