Џејми Варди си го тргна презимето и на дресот го носеше - прекарот на сопругата!
Варди учествуваше во долгогодишната иницијатива во Серија А против насилството над жените, во пресрет на Меѓународниот ден на борбата против насилството.
Како еден вид на поддршка, играчите на дресовите можеа да го носат името на жената која им е важна, а Варди ја избра неговата сопруга.

Варди од оваа сезона игра за Кремонесе, откако претходно 13 години го носеше дресот на Лестер сити.