Артета ја откри тајната за фантастичниот перформанс на Езе против Тотнем!

Еберечи Езе против Тотнем го одигра мечот на кариерата досега, го реализираше неговиот прв хет-трик во професионалниот фудбал и му помогна на Арсенал да дојде до победа од 4-1 над најголемиот ривал.

Интересно, Езе цело лето се поврзуваше со трансфер во Тотнем, но Арсенал влезе во трката и го доби неговиот потпис.

Артета открива детали за Езе од деновите пред мечот со Тотнем, а тајната за успехот е напорна работа.

„По должноста со репрезентацијата, Езе имаше два дена одмор, но после првиот тој сакаше да почне да тренира. Тој сакаше да напредува“, вели Артета.

„Кога фудбалер има таков талент и таква желба на тоа ниво, вакви работи се случуваат“.