Алиша Леман повеќе не е најсекси фудбалерка – Швеѓанка ѝ ја „украде“ круната (ВИДЕО)
Напаѓачката на италијанска Џенова, која има само 22 години, привлекува огромно внимание не само поради своите настапи на терен, туку и поради природната убавина што освои голем број навивачи ширум светот. Нејзината појава во Серија А дополнително го зголеми интересот на јавноста и медиумите.
Популарноста на Сондергорд брзо расте, особено на социјалните мрежи, каде што фановите ја истакнуваат нејзината елеганција, стил и самодоверба. Младата шведска фудбалерка веќе се наметнува како ново лице на женскиот фудбал – на теренот и надвор од него.