Верстапен победи во Лас Вегас, но Норис дојде на чекор од првата титутла
Втората позиција за Норис значи дека веќе наредниот викенд би можел да ја обезбеди титулата, а последното место на подиумот го пополни Џорџ Расел.
Норис сега има 30 бодови повеќе од тимскиот колега Оскар Пјастри кој денес заврши како четврти и 42 од Верстапен. Наредниот викенд се вози претпоследната трка во Катар и Норис во неа може да ја прослави првата титула во кариерата.
Verstappen wins, with Norris and Russell rounding out the top-three! 🙌
— Formula 1 (@F1) November 23, 2025
Your points-finishers in Las Vegas ⬇️#F1 #LasVegasGP pic.twitter.com/sCcxsu5YqZ
На денешнаата трка Норис тргна агресивно и ја бранеше првата позиција, но во еден момент Верстапен го искористи тоа што Норис прешироко влезе во еден свиок, а тогаш и Расел го помина Норис. Сепак, до крајот возачот на Мекларен успеа да дојде до второто место.
Еден од возачите на денот беше Кими Антонели кој стартуваше како 17-ти и заработи пет секунди казна, но на крајот успеа да дојде дури до петтата позиција.
Фото: EPA