Пукна „петарда“ за историска бламажа на Хајдук (ВИДЕО)
Ријека го победи сплитскиот тим со 5-0 што е најтежок пораз на Хајдук во историјата на хрватското првенство. Последен пат со ваков резултати, „билите“ загубија во 2013 година од Хајдук, но во националниот Куп.
Троен стрелец за хрватскиот шампион беше репрезентативецот Тони Фрук кој погоди во 5., 22. и 32. минута. Сè што се случуваше потоа беше рутина за тимот на Ријека и агонија за гостите. Уште поубедлива, победата на Ријека ја направија Италијанецот Самуеле Вињато на почетокот на второто полувреме од натпреварот и Лука Менало кон самиот крај.
Хајдук и покрај дебаклот остана на првото место на табелата, но сега со само еден бод повеќе од Динамо. Ријека е далеку од врвот, на шестото место со зааостанување од 12 бода.